Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

26.06.2023 09:15

Максималната ќе достигне до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималната ќе достигне до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.