Грција
Нова демократија победи во вториот круг
26.06.2023 09:42
Нова демократија на Кирјакос Мицотакис останува на власт уште четири години...

Нова демократија на Кирјакос Мицотакис останува на власт уште четири години. Конзервативецот добива втор мандат откако во вториот круг на парламентарните избори освоија 40,5%, односно 158 пратенички места од вкупно 300.
Зад Нова демократија се пласираше левичарската Сириза предводена од поранешниот премиер Алексис Ципрас со разлика од околу 20%. Партијата на Спартанците, која е против доселувањето и мигрантите, доби 4,7 проценти од гласовите, или 13 места во грчкиот парламент.
