АМСМ
На граничните премини Богородица и Дојран се чека до 30 минути
26.06.2023 09:45
На граничните премини кон соседна Грција се чека од 20 до 30 минути, соопшти попладнево АМСМ...

На граничните премини кон соседна Грција се чека од 20 до 30 минути, соопшти попладнево АМСМ.
Според информациите од АМСМ, на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути, а на граничниот премин Дојран времето на чекање е околу 20 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
