Реакција на ДУИ за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ
Според интегративците, ВМРО-ДПМНЕ е партија, синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се фали како напамет ги знае сите тендери во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ раководи...

ВМРО-ДПМНЕ е организација на лажни патриоти „Кои молат бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните, додека тие профитираат со национализам и подгревање тензии“, реагираа од ДУИ.
Според интегративците, ВМРО-ДПМНЕ е партија, синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се фали како напамет ги знае сите тендери во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ раководи. „Десетици судски случаи сè уште се активни против нивни истакнати функционери, кои не успеаја да пребегаат од државата“, стои во дописот.
„Му порачуваме на Мицкоски да престане со измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде перцепција дека е политичар од прва лига.
ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат својата работа по кој било случај или сомнеж за нерегуларности“, се вели во соопштението од мала Речица.
