Руско-украински конфликт

Шојгу се појави во јавност, првпат по обидот за бунт во Русија

26.06.2023 09:49

Рускиот министер за одбрана Шојгу за прв пат се појави во јавноста по заканите на паравојската Вагнер за бунт против него...

Рускиот министер за одбрана Шојгу за прв пат се појави во јавноста по заканите на паравојската Вагнер за бунт против него. Лидерот на групата Пригожин накусо ги презеде воените штабови во јужниот дел на Русија и се закани со блокада на Москва, но според договорот постигнат со учество на Белорусија, тој заминува во таа земја и нема да се соочи со судска постапка. Неговите трупи се враќаат на фронтот во Украина. Киев продолжува да контактира со западните лидери за да добива воена помош.

„Им се заблагодарив на нашите партнери за поддршката, важна ни е и со неа нашите војници можат да одат напред. Рускиот окупатор трпи загуби, а тие ни се потребни нам. Секоја нивна загуба е долгорочно зајакнување на слободата“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според премиерот на Австралија, кризата нема брзо да се реши.

„Руската незаконска инвазија во Украина е катастрофална за украинскиот народ, но и за народот на Русија. Господин Путин мислеше дека ќе може да го прејде меѓународниот закон и граѓаните на Украина, и дека ќе владее таму. Најдобро е да се повлече, да си се врати зад своите граници“, изјави Ентони Албанез, премиер на Австралија.