Состанокот на Советот на ЕУ за кризата во Косово
Пред еден месец, косовските специјалци упаднаа во општинските згради во Звечан, Лепосавич и Зубин Поток, за да им овозможат на албанските градоначалници да почнат со работа. Српското население на северот од Косово и натаму протестира....

Кризата во Косово – тема на состанокот на Советот на Европската унија. Пред еден месец, косовските специјалци упаднаа во општинските згради во Звечан, Лепосавич и Зубин Поток, за да им овозможат на албанските градоначалници да почнат со работа.
Српското население на северот од Косово и натаму протестира.
Превозниците со српски регистарски таблички немаат дозвола за влез на административните премини. Последната средба меѓу српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти во Брисел без конкретен епилог. ЕУ, меѓу другото, инсистира и на нови избори и безусловна деескалација на тензиите.
