Тенис

2,5 часа за полуфинале

16.05.2014 20:49

150 минути му беа потребни на 2-от носител на мастерс тенискиот турнир во Рим за пласман во полуфиналето.

2-1 во сетови славеше Новак Ѓоковиќ на крајот на исцрпувачката битка со 5-от носител Давид Ферер во меч што го решија нијанси. Со 7-5 србинот го освои првиот сет, шпанецот врати со 6-4 во вториот, а по два брејка на двете страни на почетокот на третиот сепак пресуди 1 поен, нов брејк на Ѓоковиќ за наизглед убедливи 6-3.

Во утрешното полуфинале светскиот рекет број два ќе игра со Милош Раониќ кој денеска со 2-1 во сетови го победи Шарди, а во полуфиналето е и Димитров по победата без многу борба против Хас кој при водтство на бугарскиот  тенисер со 1-0 во сетови поради повреда го предаде мечот.

Противник на Димитров во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот Надал-Мареј што почнува во 21 часот со пренос на МРТ собранискиот сервис.