Спојување на берзите од регионот
Во услови кога македонскиот пазар на капитал е во постојана хибернација, без странски инвеститори и без поголем промет повторно се актуализира идејата за поврзување на берзите од регионот.

Хрватска, Бугарија и Македонија веќе формираа заедничка компанија со седиште во Скопје, а брокерите земји полесно ќе тргуваат со акциите кои котираат на берзите во трите земји.
„Компанијата,вомногублискаиднинатребадапотпишедоговорзагрантсо ЕБОР зафинансирањеразвојнасофтверскаапликација, што ќе им овозможи на брокерите во Хрватска, Бугарија и Македонија наедноставен начин да тргуваат со хартиите од вредност што котираат на трите берзи“, вели Иван Штериев, директор на македонската берза
Очекувањата се дека спојувањето на пазарите од Југоисточна Европа ќепридонесе за привлекување повеќе капитал а ќе го поттикне и финансирањето преку пазарот на хартии од вредност.
Ние како хамфа поддржуваме иницијатива на спојување на регионалните берзи допрва би се видело кои би биле резултатите од таквото спојување. Засега се знае дека во тоа спојување ќе бидат вклучени македонија хрватска и бугарија, жал ми е што другите земји кои во почетокот најавија спојување сега се откажаа, но ако биде проектот успешен очекуваме дека и тие земји ќе се приклучат“, вели Петар Матек, претседател на УО на Ханфа, Храватска
За берзата е важно да има добра инвестициска база и поголема ликвидност. Истанбулската берза како најголем пазар во Евроазискиот регион го поддржува регионалното спојување на пазарите на капитал.
„Добро е да се чуе дека берзите во регионот стануваат се поблиски, и од историјата ние гледаме дека делиме заеднички вредности и култура и како истанбулска брерза сме подгоптвени да соработуваме со берзите овде особено во скопје берзата. Затоа што стручното знаење а и базата на инвестоитори може да се сподели со берзите. А исто така на соработката меѓу регионлани безри може да ги доадем и глобалните играчи како што е Наздак“, вели Цетин Али Донмез, заменик претседател на истанбулска берза
За раздвижување на берзата неопходно е враќање на странските инвеститори. Лани, од вкупниот промет дури 88% се купувања од страна на домшни физички и правни лица.
Соња Јованова Наумовска
