Македонија

Судски совет: Наводите на ДКСК за непостапување во случајот со Мерко се неосновани

26.06.2023 15:54

Информираат дека во текот на утрешниот ден, тричлена комисија ќе го посети струшкиот суд и ќе разговара со судиите со цел да се утврди дали имало притисоци, а извештајот ќе се презентира пред Судскиот совет и пред јавноста.

Судскиот совет како неосновани и неаргументирани ги оцени наводите на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Ремиз Мерко.

Информираат дека во текот на утрешниот ден, тричлена комисија ќе го посети струшкиот суд и ќе разговара со судиите со цел да се утврди дали имало притисоци, а извештајот ќе се презентира пред Судскиот совет и пред јавноста.

Судскиот совет апелира сите надлежни институции до крај да го истражат случајот, но и да бидат внимателни во информирањето, со цел дополнително да не се поткопува довербата на граѓаните во судскиот систем.