Промовиран Планот за интегритет на МВР
Треба да се работи на интегритетот на полицајците за да се спречи корупцијата. Но, како кога партиите ги договараат вработувањата во оваа чувствителна област. Презентиран документ за справување со корупцијарта за наредните две години...

Не сме држава со низок степен на корупција ниту, пак, сме држава со лична одговорност, оцени деканот на Факултетот за безбедност, Дујовски. За Дујовски темата е поврзана со градењето полициски интегритет. Додава дека можноста за корупција, за неетичко работење и можноста за незаконска употреба ја има во секој оддел во полицијата.
Дел од мозаикот што ја заокружува институционалната антикорупциска рамка и ќе послужи како еден од суштинските инструменти за идентификување и спречување на ризиците за корупција, оценка на министерот Спасовски за планот за интегритет на МВР.
Еден од главните елементи на планот за интегритет е процена на ризикот од корупција што на крајот го отвора патот за успешна интеграција во Европската унија, велат во Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.
МВР и центарот од Женева го промовираа планот за интегритет на Министерството за внатрешни работи за наредните две години, што е од интерен карактер.
Ана Јосифоска-Тодоровска
