Образование

Примена на 13 Универзитети!

17.05.2014 14:59

Принстон, Стенфорд, Колумбија се сон за студентите, но за 18-годишната Симона Серафимовска се реалност.

Нејзината посветеност кон остварување на животната цел да стане врвен истражувач ја препознаа 13 од најпрестижните светски универзитети.Сама аплицирала и добила целосна стипендија. Патот до успехот вели го крои сама. Помеѓу испитите, хуманитарната работа и ораторствотонема многу време за доцни петочни излегувања како нејзините соученици. Фокусирана е на иднината. Од септември нејзина адреса на живеење ќе биде Њујорк.

„По милион напишани есеи, по милион проверки со советниците, разговори со наставниците за препораки, стигнав до тоа да ги добијам писмата дека сум примена на сите 13 универзитети и на крајот на денот го одбрав Њујорк и катедрата на Колумбија за медицина.Веќе го купив билетот“, вели Симона Серафимовска –матурант

 Симона е стипендист на Фондацијата Борис Трајковски. Тогаш ја почнува и битката за кариера. Успесите се нижеле еден по еден, со одлични оценки секоја година. Вели била се помотивирана, и тоа ја однесе на Колумбија. Иднината си ја гледа во Македонија.

„Би сакал моето место да го најдам на некоја од клиниките во Македонија или пак на катедрата на ПМФ или во институтот за молекуларна биологија. Сакам се она што ќе го научам на тој универзитет да го споделам овде, кај нас“, вели Симона Серафимовска - матурант

Многумина во минатото биле примени на реномирани универзитети, но немале пари да си го финансираат студирањето. Токму затоа Министерството за образование нуди целосни стипендии за некои од најреномираните факултети. Оваа програма ја има само во Македонија и во Јапонија.

Оваа бројка од 64 стипендисти, кои што се во изминативе две години стипендирани од владата е многу сериозна, веќе од оваа година имаме 21 новопростигната стипендија. Инаку стипендиите се комплетно покривање на сите трошоци“, вели Спиро Ристовски – министер за образование и наука

Симона е само дел од средношколците кои ќе заминат на студии на светските универзитети. Младиот Филип Бујароски од септември ќе учи на Харвард , но и уште 7 македонски средношколци од септември својата  успешна животна приказна ќе ја пишуваат на клупите од каде што излегле личности кои успеале да го сменат светот.

 

Викторија Тодоровска