Македонија

Прекинат сообраќајот во тунелот кај Катланово

26.06.2023 18:25

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот од Велес кон Скопје, во тунелот кај Катланово е целосно во прекин.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.