Муслиу нов фудбалер на германски Падерборн
26.06.2023 19:55
28- годишниот Муслиу се пресели во членот на Втората Бундеслига од редовите на третолигашот Инголштад, чиј дрес го носеше изминатите 18 месеци.

Репрезентативецот Висар Муслиу кариерата ќе ја продолжи во Падерборн, соопшти денеска германскиот второлигаш.
28- годишниот Муслиу се пресели во членот на Втората Бундеслига од редовите на третолигашот Инголштад, чиј дрес го носеше изминатите 18 месеци.
Висар е во своите најдобри фудбалски години и поседува одлична комбинација од искуство и физички предиспозиции што е особено важно на позицијата централен дефанзивец на која игра, изјави за клупскиот сајт спортскиот директор на Падерборн, Бенџамин Вебер.
Муслиу во кариерата претходно настапуваше за Ренова, Вардар, Шкендија и Фехервар.
Фото: ФФМ
