Радовиќ го наушти Еурофарм Пелистер
Нашиот капитен и нашата управа дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во минатата сезона, соопшти Еурофарм Пелистер.
Мирко Радовиќ, досегашниот капитен на Еурофарм Пелистер, ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион, откако битолскиот клуб објави синоќа дека спогодбено ја раскина соработката со црногорскиот репрезентативец, една година пред истек на договорот.
Нашиот капитен и нашата управа дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во минатата сезона, соопшти Еурофарм Пелистер.
Од клубот соопштија дека на посебна манифестација ќе му се заблагодарат за петте незаборавни години.
Црногорскиот репрезентативец со Еурофарм Пелистер освои една шампионска титула и два трофеи во македонскиот Суперкуп.
Фото: Facebook/ RK Eurofarm Pelister
