Свет

Бајден: Рано е за да се извлечат заклучоци за бунтот на „Вагнер“

26.06.2023 20:39

Ние не се мешавме. Немаме никаква врска со тие настани, рече американскиот претседател.

Премногу рано е да се извлекуваат заклучоци по неуспешниот бунт на паравоената група „Вагнер“ во Русија, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. Тој нагласи дека е важно западните земји да останат целосно координирани.

Ние не се мешавме. Немаме никаква врска со тие настани, рече американскиот претседател.

Бајден додаде дека тоа е „внатрешен проблем на Русија“.