МВР

Судар меѓу камион и мотоцикл во тунелот кај Катланово, едно лице почина

26.06.2023 19:35

Според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје.

Во МВР попладнево било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички.

Според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје.

Автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, е целосно затворен за сообраќај.