Босилек- зачин, но и лек
Босилекот ја смирува кашлицата, благотворно делува на срцето, влијае на работата на бубрезите. Има повеќе лековити ефекти, а го подобрува апетитот, го намалува стресот, помага при депресија, ја смирува мачнината и нагонот за повраќање.

Босилекот е едно од најупотребуваните растенија. Се користи како зачин, но и како лек кој има различни благотворни ефекти. Потекнува од Индија и содржи витамини А, К, Ц и Б6 и минерали магнезиум, манган, калиум и железо.
Босилекот ја смирува кашлицата, благотворно делува на срцето, влијае на работата на бубрезите. Има повеќе лековити ефекти, а го подобрува апетитот, го намалува стресот, помага при депресија, ја смирува мачнината и нагонот за повраќање.
За да има правилен ефект босилекот мора да се бере во одредено време и во неколку наврати, по можност во текот на летото пред да расцвета.
Чајот од босилек, пак, е добар поради изразеното смирувачко дејство, ја смирува напнатоста и има антиинфламаторно дејство. Идеален е за настинки, кашлица и болки во грлото.
