Временска прогноза
Сончево и топло време
27.06.2023 08:17
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 31 степен.
