Претседателот Пендаровски во Подгорица на Самит на шефови на држави и влади на земјите членки на ПСЈИЕ
Како што соопштуваат од претседателскиот кабинет, претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во Подгорица, Црна Гора каде ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ)...

Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во Подгорица, Црна Гора каде ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Претседателот Пендаровски денес ќе се обрати на Пленарна сесија на состанокот на шефови на држави и влади, а ќе одржи и заедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, во својство на претседатели на земјите кои се актуелен и следен претседавач со ПСЈИЕ. Претседавањето на Република Северна Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа започнува на 1 јули 2023 година.
