АКН

Денеска резултати од проектот на АКН „Соработка за дигитална демократија“

27.06.2023 09:00

Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денеска, на завршен настан, ќе ги соопшти резултатите од проектот „Соработка за дигитална демократија“ што го спроведуваше со Шведскиот катастар (Лантматериет). ..

Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денеска, на завршен настан, ќе ги соопшти резултатите од проектот „Соработка за дигитална демократија“ што го спроведуваше со Шведскиот катастар (Лантматериет). Поздравни обраќања, на почетокот на настанот ќе имаат амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин и генералниот директор на АКН Борис Тунџев.

АКН и Лантматериет во 2018 година добија финансиска поддршка од Шведската меѓународна развојна агенција за имплементација на проектот чија цел беше да придонесе и да влијае врз зајакнувањето на капацитетите во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, со развиени деловни практики, со овозможена размена на високо-квалитетни и ажурирани дигитални податоци, а преку нови и подобрени услуги во зајакната демократија, како придонес кон непречена ЕУ интеграција и подобрени услови за живот на сите жители на Северна Македонија.