Судство

Судскиот совет ќе ги контролира предметите поврзани со Мерко

27.06.2023 09:25

Судскиот совет како неосновани и неаргументирани ги оцени наводите на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Ремиз Мерко...

Судскиот совет како неосновани и неаргументирани ги оцени наводите на Државната комисија за спречување на корупција за наводно непостапување и прикривање во случајот со струшкиот градоначалник Ремиз Мерко. Информираат дека тричлена комисија, ќе го посети струшкиот суд и ќе разговара со судиите со цел да се утврди дали имало притисоци, а извештајот ќе се презентира пред Судскиот совет и пред јавноста.

Судскиот совет апелира, сите надлежни институции до крај да го истражат случајот, но и да бидат внимателни во информирањето, со цел дополнително да не се поткопува довербата на граѓаните во судскиот систем.