КОСОВО
Деескалација и нови избори во Косово, бара ЕУ
27.06.2023 09:47
ЕУ од Белград и Приштина очекува подготвеност за дијалог и нормализација на односите. Во спротивно, Брисел најавува финансиски и политички мерки...

Безусловна деескалација и нови избори – Европската унија ги повтори барањата за косовската криза. Од Белград и Приштина очекува подготвеност за дијалог и нормализација на односите. Во спротивно, Брисел најавува финансиски и политички мерки.
Шефот на европската дипломатија предупреди дека КФОР нема да може засекогаш да ги штити општините на северот.
