Кипар
Седуммина уапсени поради заговор за тероризам во Лимасол
27.06.2023 09:54
Едно лице е во бегство во странство откако успеало да влезе во окупирани турски области во северниот дел од Кипар...

Седум лица се уапсени поради заговор за терористички напад врз израелски цели во Лимасол. Едно лице е во бегство во странство откако успеало да влезе во окупирани турски области во северниот дел од Кипар.
Според израелските медиуми, терористите надгледувале израелски цели, бизнисмени и туристи. Владата и полицијата засега без коментар за случајот кој го третираат како „прашање од национална безбедност“.
