Одбојка

Пред нас уште еден фаворит

17.05.2014 15:10

Во поразите ретко кој може да препознале позитивни елементи, но токму тоа е поентата од натпреварот на македонските одбојкари со Словенија, на почетокот на квалификацискиот турнир за Европското првенство во 2015-та.

Двата освоени сета и водството од 2-1 се изненадување ако се има предвид каков рејтингот на нашата и на словенечката одбојка. Нашата репрезентација немаше сили за резултатско изненадување во Вроцлав, па останува само впечатокот како адут во пресрет на денешниот дуел со Полска. Домаќинот е апсолутен фаворит во пресметката со нас, но и воопшто во групата во којашто реално би било Македонија да се надигрува за третото место со Летонците кои вчера загубија убедливо од Пољаците, а беа рамноправни само во еден сет.

Мечот на одбојкарите на селекторот Жарко Ристовски со Полска ќе почне од 18 часот, а во денешното второ коло од групата во Вроцлав Словенците ќе се сретнат со Летонија. Утрешните двојки се Македонија-Летонија и Полска-Словенија. Вториот турнир е веќе наредниот викенд, а организатор ќе биде Словенија.