Битола

Бројот на пријави за семејно насилство се намалува, жените најчести жртви

29.06.2023 11:45

Според Центарот за социјална работа во Битола бројот на пријави за семејно насилство во последните години опаѓа, најчести жртви се жените. Од Регионалниот женскиот центар за поддршка, кој неодамна е отворен во Битола велат телефоните постојано ѕвонат, жртвите се почесто се охрабруваат да побараат помош. Центарот нуди бесплатни и доверливи услуги за жени и деца кои се справуваат со каква било форма на родово базирано насилство...

Се намалува бројот на жртви од семејно насилство во битолскиот регион. Податоците од изминатите години покажуваат пад на евидентирани лица кои пријавиле дека се жртви на насилство. Според центарот за социјални работи во 2021 имало 148 пријави, во 2022 108, а во првиот квартал од оваа година само 20.

Како што можеме да забележиме, најмногу од жртвите се жени. Најчестиот облик на насилство е физичко и психичко малтретирање, но и сексуалното насилство е често присутно.

Патот до правдата е трнлив и процесот трае предолго. Жртвите капка надеж наоѓаат во Регионалниот советодавен центар за поддршка на жени и деца, жртви на родово базирано насилство, неодамна отворен во Битола. Во центарот жртвите можат бесплатно да добијат 4 вида на поддршка

Од центарот велат дополнителен проблем е што нема шалтер служба која ќе ги згрижи жртвите во текот на процесот, и истите мора да останат под ист покрив со насилникот, се до решавање на проблемот, што претставува дополнителен ризик за нивниот живот.

 

Александра Максимовска