Отворен Клубот за помош и поддршка на децата со Даунов синдром во Струмица
Во Струмица се отвори Клуб за помош и поддршка на децата и младите со Даунов синдром. Станува збор за простории каде овие лица со помош на стручни лица преку повеќе активности и едукации се социјализираат и живеат самостојно а помош и поддршка ќе добиваат и нивните семејства …

Преку Програмата за социјална заштита, здружението „Вера“ отвори Клуб за помош и поддршка на децата и младите со Даунов синдром во Струмица. Таму секој работен ден стручни лица ќе работат со овие деца и младинци каде ќе се едуцираат и осамостојуваат како личности а поддршка ќе добиваат и нивните семејства.
Станува збор за пилот-проект кој ќе трае 12 месеци. Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов кажа дека и догодина се размислува да се обезбедат средства за опстојување на клуб кој се наметна како потреба за инклузија на лицата со даунов синдром.
Клубот за помош и поддршка на деца и млади со даунов синдром ќе функционира во повеќенаменскиот социјален центар во Струмица кој беше отворен пред две години во еден од објектите на поранешната касарна.
Ване Трајков
