Џафери: Подготвени сме за уставните измени
Собранието е подготвено да расправа за уставните измени, се чека сигнал од Владата – вели спикерот Џафери. Пратениците веќе се известени оти, одморот може да им биде прекинат поради носење измени во највисокиот државен акт...

Феријата на пратениците лесно може да биде прекината во август, поради уставните измени. Спикерот Џафери вели дека нема конкретна најава од Владата кога измените ќе влезат во собраниска процедура, но Собранието е подготвено да расправа, а пратениците се известени дека одморот може да им биде прекинат за дебатирање и гласање на потребата од носење измени во највисокиот државен акт.
На брифингот со новинарите собранискиот спикер за сопартиецот Мерко, коментира дека нема причина за дилема по однос на извештајот на Стејт департментот. Испратените пораки треба да се земат в предвид, но дали Мерко треба да поднесе оставка на градоначалничката функција Џафери вели тоа е лична работа и не сака да коментира.
И додека првиот парламентарец е воздржан по однос на законите за родова еднаквост и матична евиденција кои се на доработка, сепак кусо вели ако е за Европа ова е последното нешто што треба да го направиме.
Миле Ристески
