Кошарка

Димевски не успеа!

17.05.2014 15:38

Даниел Димевски не ја доби довербата на делгатите на највисокото тело на европската кошарка

Трите последовни учества на европските првенства, четвртото место на континенталниот собир во Литванија, како и клупските настапи на МЗТ Скопје, го кренаа рејтингот на македонската кошарка, но не доволно за да можеме да се надеваме дека ќе имаме претседател на ФИБА Европа. Даниел Димевски не успеа да ја добие довербата на делегатите на највисокото тело на европската кошарка и да го наследи починатиот Исланѓанец Олаф Рафнсон. На Чело на ФИБА Европа во наредните пет години ќе биде Турчинот Тургај Демирел. Турските медиуми пренесуваат дека првиот човек на Македонската кошаркарска федерација добил осум, наспроти 40 гласови на противкандидатот.