Почнува обележувањето во свињарството
Се подготовува обележувањето на добитокот во свињарските фарми. Првото маркирање е бесплато и го плаќа државата. По веќе регистрирате говеда и овци со ова ќе се добие целосен увид за состојбите во сточарството .
На почетокот на идната година ќе почне и обележувањето на свињите со ушни маркички, а до тогаш ветеринарните друштва ќе вршат регистрација на одгледувалиштата.
Маркирањето е законска обврска на сточарите, а во евиденцијата ќе се внесат сите животни во фармите. За терминот ќе се договара со ветеринарните станици за да не се совпаѓа со овците и со говедата.

Секое животно кое ќе се носи во кланица или на пазар ќе мора да има ушна маркичка и пасош со податоци за одгледувањето.
Покрај бројната состојба со ова ќе се контролира трговијата на живиот добиток и свинско месо, неговото потеклото и квалитетот во продавниците и месарниците.