Лирија и Кожув на патот на финале МЗТ – Работнички

17.05.2014 15:48

На домашниот кошаркарски паркет почнува разигрувањето за трофејот.

МЗТ Скопје – Лирија и Работнички – Кожув се полуфиналните пресметки кои што ќе почнат од 0-0, а ќе траат најмногу три меча, односно до две победи на еден од ривалите. Според квалитетот, актуелниот првак е фаворит во Аеродром да однесе уште една двојна круна. Потврда за ова можеме да добиеме уште во вечерашниот натпревар што ќе го пренесуваме на Собраниски од 19 и 30. Со оглед на изедначеноста на составите, поинтересно би требало да биде во серијата меѓу Работнички и Кожув. Скопската екипа ќе игра во своја сала во првиот натпревар и во евентуалната мајсторка.