Георгиевски освои сребро на Европските игри
Најуспешниот македонски таеквондист и носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 во Токио, во полуфиналето со 2-1 триумфираше над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска, откако вчера во финалето во категоријата над 87 килограми загуби од Британецот Кејдон Луис Канингам со 2-0.
Георгиевски, кој е првиот македонски спортист со одличје на Европските игри 2023, на патот до финалето ги совлада Матиа Молин од Италија со 2-0 во првото коло, по што во четвртфиналето беше поуспешен од Украинецот Андри Харвар со 2-1. Најуспешниот македонски таеквондист и носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 во Токио, во полуфиналето со 2-1 триумфираше над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.
Околу 7.000 спортисти, вклучувајќи и 17 македонски, од вкупно 48 европски земји учествуваат на Европските игри што од 22 јуни до 2 јули се одржуваат во Краков и уште 12 други полски градови.
