Воен конфликт
Руските сили повторно го гранатираа Кременчук
27.06.2023 18:22
Гувернерот на областа Полтава, Дмитро Луњин, изјави дека иако била погодена станбена зграда, нема жртви.

Повторно гранатиран градот Кременчук во централна Украина, на првата годишнина од нападот врз трговскиот центар во тој град.
Гувернерот на областа Полтава, Дмитро Луњин, изјави дека иако била погодена станбена зграда, нема жртви.
Најмалку 22 лица беа убиени во трговскиот центар Амстор за време на руски ракетен напад врз Кременчук пред точно една година.
Во Кременчук се наоѓа Украинската рафинерија за нафта, која од почетокот на војната во Украина е гранатирана неколку пати.
