Свет

САД со нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина

27.06.2023 20:53

Пентагон ја објави новата помош во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“.

САД ќе ѝ дадат на Украина нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари, соопшти денеска Пентагон.

Пентагон ја објави новата помош во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“.

Новата помош вклучува борбени возила „Бредли“, оклопни транспортери „Страјкер“ и муниција за ракетните системи „Хајмарс“.