„Напред розово“ борба против ракот на дојка

17.05.2014 16:03

Македонка уште пред 10 години го победи ракот на дојка.

Вели- веста дека има карцином и бил најтешкиот миг во животот. Битката ја започнала со верување дека ќе успее. И успеала со желба и со позитивната енергија.

Не се откажувајте и не се плашете можна е борба и со карциномот, можна е и победа од карциномот. Јас го победив победете го и вие. Со позитивна енергија и со многу желба“, вели Mакедонка Шундоска- член на здружението „БОРКА“

Преглед за навремена превенција и за долг живот.

„Уште еднаш чекориме со оние кои ја победиле оваа болест и уште еднаш апелираме до сите институции дека сепак човечкиот живот е највреден и дека треба повеќе внимание да се обрне на здравството“, вели Биба Додева- претседател на здружението „БОРКА“

„Храброста има боја- напред розово“,поддршка и од првата дама.

„Ако денеска нашата розова панделка што ќе ја развееме поттикне барем една жена, барем една млада девојка да отиде да направи преглед навистина сме постигнале голем успех“, вели Г-Ѓа Маја Иванова

Речиси 1500 припаднички на понежниот пол чекореа три километри со пораката за рана дијагноза и поддршка на пациентите.

Статистиката од заболени на рак на дојка е поразителна, за година ипол откриени се над 1000 нови случаи, од нив 400 веќе ја загубија битката. 

Андријана Атанасовска