Култура
Меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
28.06.2023 08:45
На настанот ќе биде промовиран Зборникот од VII меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, промотор ќе биде проф. д-р Лидија Аризанковска...

Во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска ќе се одржи VIII меѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. Свое обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска и претседателката на МОО Лидија Тантуровска.
На настанот ќе биде промовиран Зборникот од VII меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, промотор ќе биде проф. д-р Лидија Аризанковска.
