Косово

Европска комисија ќе бара суспензија на фондовите за Приштина

28.06.2023 09:17

Санкциите вклучуваат стопирање на работата на телата во рамките на договорот за стабилизација и асоцијација. Прекинување на финансиското планирање за Косово и инвестициските предлози за западен Балкан...

Брисел ќе предложи листа на санкции за властите во Приштина поради непочитување на барањето за деескалација во северно Косово, рече генералниот директор на директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување, Јан Герт Копман.

Санкциите вклучуваат стопирање на работата на телата во рамките на договорот за стабилизација и асоцијација. Прекинување на финансиското планирање за Косово и инвестициските предлози за западен Балкан. Копман рече дека косовските власти не одговориле на барањата на претставниците на ЕУ за натамошни чекори поради што ек ќе воведе привремени санкции.