Украина
Најмалку осум мртви во руски напад на Краматорск
28.06.2023 09:21
Најмалку осум луѓе загинаа, од кои три деца кога руски ракети го погодија Краматорск, источна Украина...

Најмалку осум луѓе загинаа, од кои три деца кога руски ракети го погодија Краматорск, источна Украина. Погодени се ресторан и трговски центар. Повредени се над 50 луѓе. Спасувачките операции беа привремено прекинати, поради постојаните закани од ракетни напади.
Краматорск, еден од најголемите градови на истокот кој под контрола на Украина, често е мета на руските напади од почетокот на војната. Во април лани загинаа над 60 луѓе на железничката станица.
