Франција
Бурна ноќ по убиството на тинејџер во Франција
28.06.2023 09:23
Дваесет лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите во Франција откако полицаец уби 17-годишен тинејџер...

Дваесет лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите во Франција откако полицаец уби 17-годишен тинејџер. Младиот човек по потекло е од Алжир наводно ги прекршил сообраќајните правила. Полицаецот е уапсен, а околностите под кои се случило убиството се нејасни.
На улиците на Париз избувнаа нереди, а запалени беа и неколку автомобили. Полицијата употреби солзавец за да ги растера помалите групи кои почнаа да прават хаос.
