Со грант до свој бизнис
Младоста, желбата и ентузијазмот го донесоа на вистинскиот пат 26 годишниот Трајан Денковски, дипломиран менаџер по туризам.
Останал без работа во мегувреме станал и татко. За себе и за своето семејство видел шанса во грантот од агенцијата за вработување.
Со помошта од 3,000 евра отворил туристичка агенција.
„Морав да размислам за нешто што ќе биде вистинска опција, нешто што ќе ме однесе на прав пат, да можам да нижам успеси, работите да зависат од мене и сам да си ја изградам својата иднина“, вели Трајан Денковски сопственик на туристичка агенција
По седум месеци работа, Денковски вели дека идната година преку новата мерка ќе вработи еден човек. Со својата агенција сака да донесе и странски туристи во земјава.
„Веќе имам направено добра продажба, како што очекував, според планот“, вели Трајан Денковски сопственик на туристичка агенција
Интересот за средствата од програмата за самовработување од година в година расте .Досега се отворени 5,835 бизниси од нив половината од млади претприемачи до 29 години.
„Младите се повеќе го разбираат претприемништвото како основен двигател во светот и се повеќе сакаат да се самовработат, добар е показателот дека 34,5 проценти од новоотворените бизниси ги маат отворено жени, што значи дека тие се охрабруваат и сакаат да станат претприемачи“, вели Слободанка Алексовска Агенција за вработување на РМ
За годинава се обезбедни3,4 милиони евра предвидено е да се опфатат 950 невработени лица од евиденцијата на активни баратели на работа . Во јуни се очекува да се основаат околу 500 фирми од првиот циклус, а во втората половинауште 400 бизниси .
Дијана Ценевска
