НАТО

Столтенберг: Подготвени сме да ја браниме секоја педа од својата територија

28.06.2023 10:00

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата е подготвена да се брани од секаква закана...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата е подготвена да се брани од секаква закана.

„Испративме јасна порака до Москва и Минск, дека НАТО е тука да го заштити секој сојузник и секоја педа од својата територија“, рече Столтенберг по средбата со лидерите на седумте членки на Алијансата во Хаг, пренесува Ројтерс.

Одговарајќи на новинарско прашање за ефектите од преместувањето на војниците на паравоената група „Вагнер“ во Белорусија, тој рече дека е рано да се шпекулира за тоа.

„Прерано е да се извлечат какви било заклучоци за последиците од тоа што Пригожин се преселил во Белорусија и дека најверојатно дел од неговите војници ќе бидат лоцирани и во Белорусија“, рече Столтенберг.