Свет

Литванија купува два системи за противвоздушна одбрана за Украина

28.06.2023 11:57

„Тие ќе бидат испорачани во Украина во блиска иднина. Договорот беше потпишан вчера меѓу Литванија, Норвешка и норвешкиот производител Конгсберг Групен“, рече Наузеда...

Литванија купува два системи за противвоздушна одбрана НАСАМС за Украина, рече литванскиот претседател Гитанас Науседа во видеообраќање.

„Тие ќе бидат испорачани во Украина во блиска иднина. Договорот беше потпишан вчера меѓу Литванија, Норвешка и норвешкиот производител Конгсберг Групен“, рече Наузеда.

Тој денеска е во посета на Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски со кој ќе разговара за амбициите на Украина за членство во НАТО.