Аризона

Пожар предизвика евакуација во Скотсдејл

28.06.2023 12:12

Пожарот избувнал околу 17 часот и 15 минути, а за неколку часа изгореле 2.500 хектари земја...

Пожар им се закани на десетици домови во северниот дел на Скотсдејл и предизвика евакуација. Повеќе од 1.000 луѓе се под наредба за евакуација.

Пожарот избувнал околу 17 часот и 15 минути, а за неколку часа изгореле 2.500 хектари земја. Пожарот бил во близина на регионалниот парк Мекдауел Маунт.

Ниту еден дом не изгорел и нема информации за повредени.