Македонија

Државниот врв упати честитка до граѓаните од исламската вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам

28.06.2023 12:15

Верниците од муслиманска вероисповест денеска во слават Курбан Бајрам...

Верниците од муслиманска вероисповест денеска во слават Курбан Бајрам. По повод празникот претседателот Пендаровски упати честитки до поглаварот на исламската верска заедница. Курбан Бајрам, празникот кој се темели на солидарноста и дарежливоста, нека биде поттик на сите граѓани за заедничко надминување на предизвици во нашето мултиетничко општество.

Во духот на празникот Курбан Бајрам, да продолжиме да ја градиме нашата држава на темелите на разбирањето, соживотот и грижата за другиот, се вели во честитката на претседателот Пендаровски. Со честитка по повод празникот и премиерот Димитар Ковачевски.

Одбележувањето на овој празник кој е симбол на солидарноста и благосостојбата е во духот на нашиот вековен соживот кој го градиме со генерации. Празникот Курбан Бајрам сите нас нè потсетува на значењето и големината на споделувањето, љубовта кон блискиот и взаемната почит“, се вели во честитката на премиерот Ковачевски. На верниците од исламска вероисповест по повод Курбан Бајрам испрати честитка и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Македонија многу пати досега докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност многу пати досега си подале рака и се поддржувале во предизвиците со кои се соочувале. Проблемите со кои се соочуваме ги делиме сите, затоа сметам дека само работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди и заедно да ги помине предизвици и премрежјата, вели во честитката Мицкоски.