Бочварски: Продолжуваме со рехабилитација на транзит низ Штип до Ново Село
Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Костадин Ацевски, извршија увид на градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Ново Село-Штип (делница транзит Штип)...

Оваа Влада како никоја претходна досега, инвестира најголеми средства за подобрување на патната мрежа во државата, го стимулира локалниот развој, реализира најобемна помош за општините и генерално во континуитет го подобрува животниот стандард за граѓаните. И тоа го работиме непрекинато сите овие години, истакна министерот Бочварски при денешниот увид на рехабилитација на транзитот Штип-Ново Село.
Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Костадин Ацевски, извршија увид на градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Ново Село-Штип (делница транзит Штип).
Инвестицијата е вредна 11 милиони денари, средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Предвидена е рехабилитација на површина од 6.055 метри квадратни, со ширина на патот од 6,8 метри.
Ова е продолжение на транзитот низ Штип кој се рехабилитираше минатата година за што Јавното претпријатие инвестираше преку 42 милиони денари.
Директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Ацевски, истакна дека претпријатието работи на санација на патиштата во сите региони во државата, а во следниот период посебен фокус ќе стави на рехабилитација на патиштата оштетени од невремето што ја погоди државата изминатиов период.
