ОЈО

Извршен вонреден надзор во предметите за Мерко

28.06.2023 13:13

Комисија од Јавното обвинителство извршила вонреден надзор за заведените предмети против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко...

Комисија од Јавното обвинителство извршила вонреден надзор за заведените предмети против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Комисијата на Јавното обвинителство задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на општина Струга изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Поради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите сè уште детално се проучуваат и се анализираат, велат од Јавното обвинителство. Додаваат дека по завршувањето на проверките, комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети.