Повторно судири во Украина
17.05.2014 16:34
Во Славјанск на истокот на Украина одекнуваат силни експлозии.
Повторно се судрија припадниците на националната коалиција и федералистите. Руските медиуми јавуваат за жестоки борби во центарот и дека е сериозно повреден најмалку еден припадник на милицијата.
Украинските медиуми известуваат дека местото на судирите го надлетуваат авиони.
Од 4 изутрината одекнуваат експлозии. Тешко е да се живее вака. Војнава почна само заради политички цели, Наташа, жител на Славјанск.
