Штип

Утре почнува Штипското културно лето

28.06.2023 13:31

Со хуманитарна ликовна изложба и концерт на оркестарот на Џез музичари и слободни уметници почнува 38-то издание на Штипското културно лето. До крајот на јули ќе се одржат 17 културни настани и за сите влезот е слободен...

Утре почнува 38 издание на Штипското културно лето. До крајот на јули ќе се реализираат седумнаесет културни содржини, како изложби, промоции, концерти и филмски проекции. Дел од нив имаат хуманитарен карактер. Таков е случајот со ликовната изложба на утрешното отворање на Летото.

Утревечер во Дом на млади концерт ќе има „ЗЏМ“ оркестарот, Здружение на џез музичари, кои заедно со гудачки состав ќе изведуваат македонски евергрин композиции.

Штипското културно лето ја чини општината 600 илјади денари. Учествуваат главно домашни уметници.

 

 

Славица Величковска