Гевгелија

По проверка на сите наводи на австрискиот амбасадор ОЈО Гевгелија утврдил дека нема елементи на наведените кривични дела

28.06.2023 14:56

По наводите на австрискиот амбасадор, за неможноста австриска фирма да наплати долг на суд, се огласи Основно јавно обвинителство-Гевгелија...

По наводите на австрискиот амбасадор, за неможноста австриска фирма да наплати долг на суд, се огласи Основно јавно обвинителство-Гевгелија.

Јавното обвинителство-Гевгелија соопшти дека надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи, утврдил дека нема елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена.

По жалбата на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство - Гевгелија за оштетување од доверители и против службени лица во Агенцијата за катастар.