Уставниот суд самоиницијативно ќе ја оценува уставноста на Упатството за водење на матична евиденција
Највисоката судска инстанца се сомнева во уставноста на упатството на министерот за правда за задолжително впишување на националното определување во документите за матична евиденција. Лога и натаму со истиот став, Законот не се коси со Уставот …

Уставниот суд самоиницијативно иницирал постапка за оценување на уставноста за упатството издадено од министерот за правда, со кое задолжително е впишувањето на националноста во документите за матична евиденција на граѓаните.
По иницијатива на претседателката на судот, Добрила Кацарска останатите шестмина судии се согласиле дека треба да биде разгледано прашањето за кое постојат сомневања во уставноста.
Наскоро, вели Кацарска ќе биде подготвен рефератот од судијата известител и ќе се изјасниме по упатството донесено од Министерството за правда.
Од таму, пак, децидни дека задолжителното впишување на националноста не се коси со законите, туку се заснова на Законот за матична евиденција.
Во меѓувреме додека се чека изборот на уште двајца уставни судии, актуелните изготвуваат реферат по однос на иницијативата за оценување на уставноста за преголемото работно време на работниците кои работат на коридорите 8 и 10-д.
Миле Ристески
