Спасовски на логорување во Лазарополе заедно со студентите од Факултетот за безбедност
На настанот, Деканот Дујовски, во свое и во име на студентите и вработените на Факултетот за безбедност - Скопје, додели благодарници на министерот Оливер Спасовски и директорот на БЈБ д-р Сашо Тасевски, за долгогодишна соработка и поддршка за успешна реализација на активноста логорување.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, проф. д-р Игор Неделковски, Деканот на Факултетот за безбедност - Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, проректорите ,професорите и претставници од Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ го посетија Кампот за обука на МВР во Лазарополе каде што студенти од Факултетот за бесбедност - Скопје, реализираат практична настава - логорување. Министерот Спасовски, деканот Дујовски и ректорот Неделковски имаа свое обраќање пред студентите, а од страна на студентите беше реализирана показна вежба.
„Изминативе години Факултетот за безбедност покажа едно ново повисоко ниво на европски пристап кон студентите во проучување на приликите во безбедноста, криминалистиката и криминологијата. Особено внимание се посветува и на клиничката и практичната настава, токму обуката за логорување која се спроведува секоја година заедно со Одделот за специјални полициските операции во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР, има особен интерес кај студентите и на своевиден начин претставува белег на самото студирање“, рече министерот Спасовски на почетокот од своето обраќање. Притоа, министерот Спасовски се осврна на значењето на практичната настава за студентите и за МВР.
На настанот, Деканот Дујовски, во свое и во име на студентите и вработените на Факултетот за безбедност - Скопје, додели благодарници на министерот Оливер Спасовски и директорот на БЈБ д-р Сашо Тасевски, за долгогодишна соработка и поддршка за успешна реализација на активноста логорување. Воедно, министерот Спасовски, заедно со присутните гости и студентите од Факултетот за безбедност се дружеа на студентски логорски кафе и ручек, каде што од страна на Офицерот за безбедност при Амбасадата на САД, Мајкл Кернс, како и од Шефот на Оддел при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Јурај Смолек, беше изразено задоволство од долгогодишното партнерство и соработка со МВР, а особено беше истакната благодарност за соработката од страна на министерот Спасовски.
